недела, 7 декември 2025

Израел не сака турски војници како дел од мировните сили во Газа

Портпаролката на израелската влада денес ја отфрли можноста турски војници да бидат дел од меѓународните сили кои треба да ја преземат контролата врз Газа од израелската армија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Нема да има турски војници на терен“, одговори Шош Бедросијан на прашањето за можноста за турско воено присуство.

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за ставање крај на двегодишната војна во палестинската енклава предвидува привремени меѓународни стабилизациски сили кои ќе бидат одговорни за безбедноста на Појасот Газа.

Силата сè уште не се формирани, а голем број земји бараат таа да биде потврдена со мандат од Советот за безбедност на Обединетите нации.

На прашањето за израелските приговори на идејата турските сили да бидат во Газа, американскиот амбасадор во Турција Том Барак претходно месецов на безбедносната конференција во Манама изјави дека Турција ќе биде дел од меѓународните сили.

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс минатиот месец изјави дека Анкара ќе игра „конструктивна улога“, но дека Вашингтон нема да му наметнува ништо на Израел во врска со странските сили „на негова територија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ