Израелската војска денеска пресретна ракета истрелана од Јемен, од каде што бунтовниците Хути редовно извршуваат напади.
„Ракетата испукана од Јемен беше пресретната од израелските воздухопловни сили“, соопшти израелската војска на Телеграм.
BREAKING: Sirens sounding across several areas in Israel due to a Houthi ballistic missile launch from Yemen. pic.twitter.com/Z5jq0nmwqr
— ConflictLive (@conflict_live) October 5, 2025
Бунтовниците Хути поддржани од Иран редовно лансираат ракети или беспилотни летала кон Израел, повеќето од тие ракети се пресретнати.
Израел одговори на нападите минатиот месец со бомбардирање на позициите на Хутите во Сана и северната покраина ал-Џафа.
Во тој напад, според податоците на јеменските бунтовници Хути, кои контролираат големи делови од Јемен, загинаа 35 лица, а 131 беа ранети.






