недела, 14 декември 2025

Израел нападна болница во Газа, меѓу 19-те мртви се и новинари на Ројтерс, АП, Ал џезира (ВИДЕО)

Вкупно 19 лица се убиени во два напади врз болницата „Насер“ во градот Кан Јунис, на чии информации често се потпираа убиените новинари, соопшти локалното Министерство за здравство. Сведоци рекле дека вториот напад се случил откако спасувачите, новинарите и другите се упатиле кон местото на првиот напад.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Најмалку 19 лица, меѓу кои и четворица новинари, се убиени во израелските напади врз болницата Насер во Газа, соопштија палестинските здравствени претставници.

Меѓу убиените се новинари од телевизиската мрежа Ал џезира, Ројтерс и Асошиејтед прес (АП).

АП соопшти дека фоторепортерката на агенцијата, Маријам Дага, е убиена во новиот напад.

Ал џезира потврди дека нивниот репортер Мохамед Салам е меѓу убиените во новиот напад, а Ројтерс објави дека е убиен и снимателот на агенцијата, Хусам ал-Масри, додека фотографот Хатем Налед е ранет.

Повеќе од 190 новинари се убиени во Појасот Газа од почетокот на војната со Израел во октомври 2023 година, според Комитетот за заштита на новинарите (CPJ).

Израел им забрани на странските медиуми пристап до погодените области, оставајќи ги новинските агенции зависни од палестинските новинари во Газа, кои се соочуваат со истите проблеми како и групите за кои известуваат, како што се недостиг од храна и лекови.

Сведоци рекоа дека вториот напад се случил откако спасувачите, новинарите и другите се упатиле кон местото на првиот напад.

Преносот во живо на Ројтерс од болницата, кој го снимал Масри, нагло завршил во моментот на првиот напад, покажаа снимките.

Здравствените претставници во Газа идентификуваа уште тројца новинари како Маријам Абу Дага, Мохамед Салама и Моаз Абу Таха. Еден спасувач е меѓу загинатите.

Израел уби повеќе од 240 палестински новинари во Газа од почетокот на офанзивата на 7 октомври 2023 година, според Палестинскиот сојуз на новинари.

Бројот на жртви во израелскиот напад врз болницата Насер се искачи на 19, според раководителот на одделот за евиденција во Министерството за здравство контролирано од Хамас, Захер ал-Вахеиди. Тој тврди дека станува збор за таканаречен „двоен напад“ врз иста цел.

Израелската војска (ИДФ) издаде соопштение по нападот врз болницата Насер утрово.

„Началникот на Генералштабот нареди што е можно поскоро да се спроведе почетна истрага. Израелските одбранбени сили жалат за секое страдање на невините и не ги таргетираат новинарите како такви. Армијата дејствува за да ја минимизира штетата врз невините, а во исто време да ја одржува безбедноста на израелските сили“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ