На третиот ден од примирјето меѓу Израел и Хамас, Кац во соопштението порача дека овие операции ќе бидат спроведени во рамките на „меѓународен механизам, под надзор на Соединетите Американски Држави“.
„Големиот предизвик за Израел по фазата на враќање на заложниците ќе биде уништувањето на сите терористички тунели на Хамас во Газа“, кажа Кац, додавајќи дека ѝ наредил на војската да се подготви за таа мисија.
Хамас има мрежа од тунели под Појасот Газа, кои конкретно ги користи неговото оружено крило.
Израел тврди дека уништил многу од нив за време на двегодишната војна, која почна по упадот на исламистичкото движење во Израел на 7 октомври 2023 година.






