понеделник, 14 јули 2025

Израел на неодредено ги затвора амбасадите и конзулатите низ светот

Израел ги затвори амбасадите низ целиот свет и ги повика своите граѓани да бидат внимателни и да не прикажуваат израелски или еврејски симболи на јавни места, се вели во соопштението објавено на официјалната веб-страница на амбасадите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Амбасадите објавија по нападот на Израел врз Иран дека нема да обезбедуваат конзуларни услуги и ги повикаа граѓаните да соработуваат со локалните безбедносни сили во случај на закани. Не е откриено до кога нивната работа ќе биде во прекин, објавува Ројтерс.

„Со оглед на неодамнешните случувања, израелските дипломатски мисии низ целиот свет ќе бидат затворени и конзуларните услуги нема да се пружаат“, се вели во соопштението објавено на веб-страниците на израелските амбасади во земји како Соединетите Американски Држави, Франција, Британија, Германија и Украина.

Безбедносни препораки за граѓаните во странство

Израелските амбасади ги повикуваат Израелците во странство да пополнат документ за нивната локација и моментален статус, се вели во објавата на веб-страницата на амбасадата на САД.

Таму се повикуваат да избегнуваат прикажување еврејски или израелски симболи на јавни места и да се воздржат од објавување информации за локацијата или планови за патување на социјалните мрежи.

Амбасадите, исто така, ги предупредуваат Израелците да избегнуваат големи собири и настани поврзани со Израел или еврејските заедници и генерално да бидат „особено претпазливи“ на јавни места.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ