„Вчерашното лансирање на сателитот Офек 19 (Офек) е светско достигнување на највисоко ниво. Малку земји имаат такви способности“, напиша Кац на платформата Икс.
„Тоа е и порака до сите наши непријатели, каде и да се: ве следиме во секое време и под сите околности“, предупреди министерот.
Во јуни, Израел водеше 12-дневна војна против Иран, бомбардирајќи ирански воени и нуклеарни објекти на оддалеченост од повеќе од 1.000 километри. Научници поврзани со нуклеарната програма на Иран и високи воени офицери беа убиени.
Повеќе од 12.000 сателитски снимки од територијата на Иран беа собрани за цел на тие напади, според Даниел Голд, шеф на Одделот за истражување и развој на Министерството за одбрана.
Операцијата „ја истакна критичната важност на напредните капацитети за надзор во нашиот регион за да се обезбеди супериорност во воздух и на копно“, рече Боаз Леви, извршен директор на „Израел аероспејс индустрис“, која работеше на проектот со Министерството за одбрана.
כדור אש בשמי הארץ: ישראל שיגרה לחלל את הלוויין “אופק 19” | צפו ברגע השיגור pic.twitter.com/fcSf9AGXAZ
— החדשות – N12 (@N12News) September 2, 2025
Израел е во војна во Појасот Газа со Хамас, а се бори и против други вооружени групи сојузници на Исламската Република, нејзиниот заколнат непријател, како што се бунтовниците Хути во Јемен.
Израел се приклучи на клубот на вселенски сили во 1988 година со лансирањето на својот прв сателит, Офек. Во 2023 година, Израел објави лансирање на шпионски сателит со напредни можности за снимање.






