недела, 14 декември 2025

Израел ќе повика 50.000 резервисти за освојувањето на градот Газа

Израел ќе повика 50.000 резервисти за планираната офанзива за заземање на градот Газа, иако повеќето од силите што дејствуваат во најголемиот урбан центар на Појасот Газа ќе бидат активни војници, изјави денес израелски воен претставник.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Поканите може да бидат испратени во наредните денови, а резервистите треба да се пријават на должност во септември, изјави воен претставник. „Повеќето од војниците што ќе бидат мобилизирани во оваа нова фаза ќе бидат активни војници, а не резервисти“, рече претставникот, кој разговараше со новинарите под услов да остане анонимен.

Резервистите би можеле да бидат распоредени во воздухопловни, разузнавачки или помошни улоги или да ги заменат активните војници стационирани надвор од Газа, рече претставникот.

Месецов израелскиот кабинет за безбедност одобри план за преземање на контролата врз градот Газа. Овој потег ги проширува воените операции на веќе опустошената палестинска територија, што предизвика остри критики дома и во странство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ