понеделник, 8 декември 2025

Израел ја нападна зградата на Министерството за одбрана во Дамаск (ВИДЕО)

Израелските сили ја погодија зградата на Министерството за одбрана во Дамаск, пренесуваат сириските медиуми. Видео емитувано од сириската телевизија покажува како зградата на сириското Министерство за одбрана е погодена, принудувајќи го водителот да се засолни.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Засега не е познато дали има жртви, ниту пак се знае колкава е штетата, пренесува Си-ен-ен.

„Сега доаѓаат болните удари“, рече израелскиот министер за одбрана Израел Кац по нападот и вети дека ќе ги заштити членовите на заедницата Друзи во Сирија.

Тој додаде дека израелската армија ќе продолжи силно да дејствува во Свеида за да ги уништи силите што ги нападнаа Друзите.

Неколку воздушни напади беа насочени кон зградата на воениот штаб во Дамаск, покажаа телевизиски снимки во живо. Израелската војска потврдува дека зградата била погодена.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопшти дека претходно денеска со беспилотно летало го нападнале сирискиот главен град Дамаск и дека бил погоден влезот на сириската воена команда.

Во соопштението се вели дека израелската војска продолжува да ги следи случувањата и активностите против цивилите Друзи во јужна Сирија, пренесува Тајмс оф Израел.

Видео од сириската телевизија покажува како зградата на сириското Министерство за одбрана е погодена, принудувајќи го водителот да се засолни.

Денеска израелски беспилотни летала го нападнаа и сирискиот град Свеида, каде што продолжија судирите меѓу сириските владини трупи и локалните борци Друзи.

Судирите меѓу сириските владини трупи и локалните борци Друзи продолжија во јужниот сириски град Свеида, само неколку часа откако беше објавен прекин на огнот.

Духовното раководство на Друзите ги повика вооружените фракции да соработуваат со владините сили, да не се спротивставуваат на нивниот влез и да го предадат своето оружје на Министерството за внатрешни работи.

Претходно, избувнаа судири меѓу бедуинските милитанти и вооружените Друзи, израелската војска потврди напади врз неколку тенкови во областа, со предупредување да не се напаѓаат Друзите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ