понеделник, 15 декември 2025

Израел ја нападна единствената католичка црква во Газа, две жени загинаа, неколку се повредени

Две жени беа убиени, а неколку лица беа повредени во израелски напад што погоди католичка парохија во Појасот Газа, соопштија денес лекарите во болницата Ал-Ахли во Газа. Во нападот беше оштетена црквата Свето семејство, единствената католичка црква во палестинската енклава.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Ватикан не одговори веднаш на барањето за коментар. Израелските одбранбени сили соопштија дека го истражуваат инцидентот. Италијанската новинска агенција АНСА пренесе дека шест лица се тешко повредени, додека свештеникот Габриеле Романели, кој редовно го информираше починатиот папа Франциско за израелско-палестинскиот конфликт, се здоби со полесни повреди на ногата.

„Израелските напади врз Газа ја погодија и Црквата на Светото семејство“, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони во соопштение. „Нападите врз цивилното население што Израел ги извршува со месеци се неприфатливи. Ниту една воена акција не може да го оправда таквиот став“, додаде таа.

Ерусалимската латинска патријаршија соопшти дека римокатоличката парохија во Појасот Газа била оштетена во воен напад, при што биле повредени неколку лица. Патријаршијата додаде дека „во моментов нема познати смртни случаи“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ