петок, 30 мај 2025

Израел ја бомбардираше Сирија (ВИДЕО)

Израел доцна синоќа изврши нови воздушни напади во близина на сирискиот главен град Дамаск и градот Хама, објави сириската државна новинска агенција САНА, без да даде дополнителни детали.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Едно лице загина во напад во близина на Дамаск, четворица се повредени во Хама. Повторените напади на Израел врз Сирија се предупредување за новите исламистички владетели во Дамаск, кои Израел ги гледа како потенцијална закана на својата граница.

Израелската војска ги потврди нападите во петокот, велејќи дека целта на нападите била сириската воена инфраструктура, вклучувајќи командни пунктови и локации со оружје и опрема.

Претходно во петокот, Израел бомбардираше област во близина на претседателската палата во Дамаск, како најјасно предупредување досега до новата сириска влада, под изговор дека го поддржува сириското малцинство Друзи.

Израел често ја бомбардираше Сирија дури и додека со земјата управуваше претседателот Башар ал Асад, кој беше соборен во декември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ