четврток, 29 мај 2025

Израел го нападна главниот град на Јемен, вклучувајќи ги аеродромот и главните електроцентрали (ВИДЕО)

Израел денес го нападна главниот град на Јемен Сана, објави телевизијата Ал Масира на владејачките хути, а сведоци изјавиле дека имало четири напади, откако израелската војска ги предупредила луѓето да ја напуштат областа околу главниот аеродром.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Нападот се случи откако израелските сили го нападнаа јеменското пристаниште Худаида вчера како одговор кој хутите го испукаа на главниот аеродром кај Тел Авив Бен Гурион.

Тензиите меѓу Израел и јеменските хути ескалираа откако групата поддржана од Иран почна да врши напади како одговор на проширувањето на израелската војна во Газа.

„Одбивањето да се евакуирате ве доведува во опасност“, порача израелската војска во своето предупредување, објавувајќи мапа од областа околу меѓународниот аеродром во Сана.

Освен аеродромот погодени се и неколку главни електроцентрали во и околу областа на Сана. Според наводите на израелската војска, тие централи ги користеле силите на хутите за снабдување на енергетската инфраструктура и за изградба на подземни тунели.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) тврдат дека нападите се извршени прецизно и со преземање мерки за намалување на ризикот за цивилите и цивилната инфраструктура.

„ИДФ остануваат одлучни да продолжат да дејствуваат, без оглед на оддалеченоста, против сите закани за граѓаните на државата Израел“, се заклучува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ