Околу 470 луѓе се наоѓаа на повеќе од 40 цивилни бродови кои израелската морнарица нелегално ги пресретна во меѓународни води. Некои активисти кои веќе се депортирани тврдат дека биле злоупотребени додека биле во израелски притвор, пренесува Гардијан.
Активистите, исто така, тврдеа дека Грета Тунберг била злоставувана, дека Израелците „ја туркале и дека морала да се завитка во израелското знаме“.
Во објава на социјалната мрежа Икс израелското министерство за надворешни работи ја нарече оваа акција „маркетиншки трик“ и изјави дека на сите притвореници им се загарантирани сите законски права. Израелските власти ги обвинуваат активистите за „ширење лаги“.
Ова е втор пат Тунберг да биде депортирана од Израел по неуспешен обид да стигне до Газа по море.
Израел објави дека 171 лице се депортирани во Грција и Словачка, меѓу кои државјани на Грција, Италија, Франција, Ирска, Шведска, Полска, Германија, Бугарија, Литванија, Австрија, Луксембург, Финска, Данска, Словачка, Швајцарија, Норвешка, Обединетото Кралство, Србија и Соединетите Американски Држави.






