петок, 19 декември 2025

Изгоре зградата на непалскиот парламент (ВИДЕО)

Драматични сцени пристигнуваат од Катманду, главниот град на Непал, каде што демонстрантите против корупцијата ја нападнаа зградата на федералниот парламент и ја запалија. Илјадници луѓе се спротивставуваат на полицискиот час воведен по вчерашното пукање, што дополнително го разгоре гневот на граѓаните кон владата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Непалскиот премиер К. П. Шарма Оли денес поднесе оставка, додека демонстрантите против корупцијата се спротивставија на полицискиот час и се судрија со полицијата, еден ден откако 19 лица загинаа во насилните протести предизвикани од забраната за социјалните медиуми во земјата. Во денешната дополнителна ескалација, уште три лица загинаа на улиците.

Непал денес ја укина забраната за социјалните медиуми и воведе полициски час откако протестите против корупцијата предизвикани од забраната оставија 22 жртви.

Одлуката е донесена откако 19 лица беа убиени, а повеќе од 100 беа повредени во протестите на „Генерацијата З“ против широко распространетата корупција во понеделникот.

Властите, исто така, воведоа полициски час во метрополитенската област Катманду за да ги спречат понатамошните протести, изјави градскиот окружен менаџер Чхабилал Риџал. „Протестите, масовните собири и состаноци нема да бидат дозволени за време на полицискиот час“, објави тој.

Протестите го одразуваат широко распространетото незадоволство на младите поради перципираниот недостиг на владини мерки за борба против корупцијата и зголемување на економските можности.

Службениците велат дека забраната се однесувала на оние социјални мрежи кои не биле пријавени на властите, а сето тоа како дел од борбата против лажните идентитети, дезинформациите и говорот на омраза.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ