недела, 14 декември 2025

Итна расправа на Советот на ОН за човекови права за иранскиот напад на Катар

Советот за човекови права на Обединетите нации утре ќе одржи итна дискусија во Женева за израелскиот воздушен напад на 9 септември, кој беше насочен кон високи функционери на Хамас во Катар, објави денес ова тело.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Нападот, во кој беа убиени пет членови на Хамас, но не и самото раководство, ги поттикна земјите од Заливот – сојузници на Соединетите Американски Држави – да се обединат во осудата на постапките на Израел. Овој настан дополнително ги влоши односите меѓу Обединетите Арапски Емирати и Израел, кои ги нормализираа дипломатските врски дури во 2020 година.

Дискусијатата ја побара Пакистан во име на членовите на Организацијата за исламска соработка (ОИС), додека Кувајт дејствуваше во име на Советот за соработка во Заливот. Барањето доаѓа во време кога лидерите на арапските и исламските земји се состануваат во Доха, каде што се очекува да предупредат дека нападот на Израел врз Катар и другите „непријателски акти“ го поткопуваат коегзистенцијата и напорите за нормализирање на односите во регионот, според нацрт-резолуцијата на собирот.

Израелската мисија во Женева ја оцени одлуката за свикување итна дискусија, десетта од ваков вид од основањето на Советот во 2006 година, како „апсурдна“. „Секој заклучок што ќе се донесе ќе претставува дамка врз механизмите за заштита на човековите права“, се наведува во соопштението на мисијата.

Израел веќе се соочува со широко распространети обвинувања за геноцид врз Палестинците во Газа. Најголемите светски експерти за геноцид ги изнесоа овие тврдења за речиси двегодишна кампања за време на која, според локалните власти, повеќе од 64.000 луѓе се убиени од израелската војска во палестинската енклава.

Израел ги отфрла тие обвинувања, повикувајќи се на правото на самоодбрана по упадот на милитантите на Хамас на 7 октомври 2023 година, во кој, според израелските податоци, околу 1.200 луѓе биле убиени, додека 251 лице било земено како заложници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ