понеделник, 15 декември 2025

Италијанскиот Сенат усвои закон за фемицид, со кој се предвидува доживотен затвор за злосторството

Италијанскиот Сенат едногласно го одобри законот со кој се воведува ново кривично дело фемицид во Кривичниот законик, казниво со доживотен затвор.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Новиот член 577 предвидува дека секој што ќе убие жена од омраза, дискриминација, контрола или затоа што е жена ќе биде казнет со доживотен затвор, пренесува Раи Уно.

Во предлог-законот се наведува дека фемицидот се смета за извршен и кога мотивот е одбивањето на жената да започне или да продолжи со емотивна врска и обид за ограничување на нејзините лични слободи.

Законот предвидува укинување на рокот од 45 дена за прислушување во случаи на најтешки форми на насилство врз жените, што, како што е наведено во образложението на предложениот закон, ќе ја олесни работата на судските органи во истрагата и докажувањето на овие кривични дела.

Предлог-законот мора да биде одобрен од Долниот дом на италијанскиот парламент, по што треба да биде потпишан од претседателот на Републиката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ