понеделник, 15 декември 2025

Италијанскиот претседател се најде на листата на русофоби

Италијанската влада денес објави дека има намера да го повика рускиот амбасадор на разговори, бидејќи сака да го изрази својот протест поради вклучувањето на претседателот Серџо Матарела на списокот на западни лидери обвинети за антируски чувства, составен од Москва.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Објавувањето на список на таканаречени „русофоби“, луѓе кои наводно поттикнуваат омраза кон Русија, е уште една пропагандна операција“, рече премиерката Џорџа Мелони. На 24 јули, руското Министерство за надворешни работи објави список на изјави, или како што го нарече „говор на омраза“ против Русија, кои доаѓаат од членови на западните елити.

На списокот е и изјавата на Матарела што ја дал во февруари на Универзитетот во Екс-Марсеј. Во својот говор, италијанскиот претседател направи паралела помеѓу руската инвазија на Украина во 2022 година и експанзионистичките војни на нацистичка Германија.

Руското Министерство за надворешни работи не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар. Италија традиционално одржува блиски политички и економски врски со Русија, но по руската инвазија на Украина, односите меѓу двете земји се влошија, а Рим цврсто стои зад Киев.

Според премиерката Мелони, Москва го прекршила меѓународното право со инвазијата на Украина, а западните земји ја осудија Русија. Матарела е единствениот Италијанец на листата, на која се наоѓаат и германскиот канцелар Фридрих Мерц, високата претставничка на Европската унија за надворешни работи Каја Калас, генералниот секретар на НАТО Марк Руте и францускиот претседател Емануел Макрон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ