На дневната конференција за медиуми на Европската комисија на 13 октомври, Нунцијати ѝ постави прашање на главната портпаролка Паула Пињо. „Неколку пати повторивте дека Русија треба да плати за реконструкцијата на Украина“, кажа Нунцијати. „Дали мислите дека Израел треба да плати за реконструкцијата на Газа бидејќи ја уништи речиси целата нејзина цивилна инфраструктура?“
EU Commission press briefing yesterday:
Journalist: You’ve said that Russia should repay for reconstruction of Ukraine. Do you believe Israel should repay for reconstruction of Gaza?
EU chief spox: It’s an interesting question, on which I have no comment at this stage. pic.twitter.com/M2uYzcgV4D
— Martin Konečný (@MartinKonecny) October 14, 2025
Пињо кратко одговори дека тоа е „дефинитивно интересно прашање, на кое не би имала никаков коментар“.
Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи, што е реткост за конференциите на Европската комисија.
„Повторно ја објавија многу медиуми и стана навистина важна“, рече Нунцијати. „Дури и луѓе ме контактираа и ми рекоа: „Те видов на Инстаграм!“ Две недели подоцна – на 27 октомври – добив електронска пошта од мојата новинска агенција во која ми беше кажано дека имаат намера да ја прекинат нашата соработка.“
Портпаролот на агенцијата Нова, Франческо Чивита, потврди дека соработката со Нунцијати е прекината поради неговото прашање за Газа. Чивита кажа дека новинарот бил отпуштен затоа што поставил „технички неточно“ прашање, тврдејќи дека Русија нападнала суверена земја без причина, додека Израел одговорил на напад.
Според Чивита, на Нунцијати „повеќе пати му била објаснета“ разликата помеѓу позициите на Русија и Израел, „но тој „целосно не успеа да ја сфати суштинската и формалната разлика во ситуациите“.
„Тој дури инсистираше дека прашањето е точно, покажувајќи го своето непознавање на основните принципи на меѓународното право“, кажа Чивита.
„Уште полошо, видеото поврзано со неговото прашање беше преземено и повторно објавено од руски националистички канали на Телеграм и медиуми поврзани со политичкиот ислам со антиевропска агенда, предизвикувајќи срам за агенцијата“.
Нунцијати потврди дека во двете недели помеѓу испрашувањето и отпуштањето, добил два „напнати“ телефонски повици од неговите претпоставени, но одби да коментира понатаму.
Одлуката за отпуштање ја осуди Ана Лаура Орико, членка на италијанскиот парламент од Движењето Пет ѕвезди. „Ако фактите на приказната се точни, би било едноставно срамно медиумите да донесат таква одлука“, изјави таа за еден италијански весник.
Друг новинар на Нова, кој сакаше да остане анонимен за да ја заштити својата работа, изјави за Интерсепт дека случајот на Нунцијати е „врвот на сантата мраз на италијанската цензура на која се подложени новинарите“ кога станува збор за известувањето за Израел.
„Габриеле беше отпуштен затоа што постави срамно прашање до Европската комисија“, кажа новинарот. „Во деновите што следеа, атмосферата беше многу напната.“ Тој додаде дека по отпуштањето на Нунцијати, „сите новинари во редакцијата замолкнаа“.
Случајот е во контекст во кој неколку западни новинари ги загубија своите работни места поради поставување тешки прашања или критички коментари за израелската војна во Газа. Според Комитетот за заштита на новинарите, повеќе од 240 новинари се убиени во Газа, десетици се повредени, а Израел затвори речиси 100 медиумски работници.






