четврток, 22 јануари 2026

Италијанска телевизија направи симулација на пожарот во швајцарскиот бар (ВИДЕО)

Италијанската телевизија Медиасет објави симулација на која се гледа колку брзо се проширил пожарот во барот Ле констеласион во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, во кој загинаа 40 лица, а 116 беа повредени. Во студиото, по проекцијата, можеле да се слушнат реакциите на шокираните гледачи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според првичните резултати од истрагата, пожарот почнал откако прскалките на шишињата шампањ ја запалиле пената за звучна изолација на таванот на подрумот. Симулацијата ја покажува брзината со која пожарот се проширил низ таванот и го зафатил просторот, што, според истражителите, бил клучниот момент во трагедијата.

Властите потврдија дека објектот не ги поминал безбедносните проверки во последните пет години. Повеќето од загинатите биле млади, а меѓу жртвите имало осум малолетници под 16 години. Многу од повредените сè уште се во болница со тешки изгореници. Адвокатот на сопственикот на барот Жак Морети, Патрик Мичод, изјави дека неговиот клиент се чувствува одговорен како управител на објектот, но ја нагласи разликата помеѓу тоа чувство и кривичната одговорност.

Зборувајќи за спорната пена на таванот, Мичод кажа дека материјалот е купен од „голем трговец со градежни материјали“ и дека неговиот клиент не бил информиран дека е запалив. „Тој не сакал да инсталира запалива пена. Сакал да инсталира таканаречена акустична пена“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ