Молтипли ја управува популарната италијанска веб-страница за споредба на цени Тровапеци (Trovaprezzi.it). Во тужбата, компанијата тврди дека Гугл ја потиснал услугата на неговата подружница 7Пиксел од 2010 до 2017 година со цел да ја зајакне позицијата на Гугл шопинг, се вели во соопштението.
Ова не е прва ваква тужба против Гугл.
Тужбата е поднесена во суд во Милано, објави весникот Кориере дела Сера, без да наведе детали. Портпаролот на италијанската подружница на Гугл не ја коментираше веднаш веста за тужбата.
Во 2017 година Европската комисија го казни Гугл со 2,4 милијарди евра за кршење на законот за конкуренција, барајќи од него да обезбеди еднаков третман за конкурентите во сегментот за онлајн-споредба на цени.
Во септември минатата година, Судот на ЕУ ја отфрли жалбата на Гугл и ја потврди казната.