сабота, 24 јануари 2026

Италија го повлече амбасадорот од Швајцарија

Владата на Италија денес го осуди ослободувањето на сопственикот на барот Ла Констеласион во Кран Монтана во Швајцарија, каде што 40 лица, меѓу кои шест Италијанци, загинаа во пожар за време на новогодишната прослава, и го повлече својот амбасадор во таа земја.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сопствениците на барот, Жак и Џесика Морети, се под истрага за убиство од небрежност и други кривични дела поврзани со пожарот, во кој загинаа и шест италијански државјани, а Жак, кој беше уапсен на 9 јануари, вчера беше ослободен од притвор со кауција, објави Ројтерс.

Италијанската премиерка Џорџо Мелони изјави дека ослободувањето на Морети „е навреда за сеќавањето на жртвите од новогодишната трагедија и навреда за нивните семејства“.

Во соопштението на италијанската влада се вели дека Мелони и министерот за надворешни работи Антонио Тајани му наложиле на италијанскиот амбасадор Џан Лоренцо Корнадо веднаш да го контактира главниот обвинител во швајцарскиот кантон Вале за да го пренесе „силното незадоволство“ на Рим поради ослободувањето на Морети, и дека судот ја донел својата одлука и покрај сериозноста на наводното кривично дело.

„Цела Италија бара вистина и правда и повикува на преземање мерки за почитување по оваа катастрофа, кои целосно ќе ги земат предвид страдањата и очекувањата на семејствата“, се наведува во соопштението.

Мелони и Тајани му наложиле на Тајани и да се врати во Рим.

Морети беше пуштен со кауција од 200.000 швајцарски франци и му беше наредено секојдневно да се јавува во полициска станица.

Адвокатите на жртвите од пожарот и нивните семејства соопштија дека не можат да ја разберат судската наредба и дека нивните клиенти се загрижени за исчезнување на доказите.

Жак и Џесика Морети изразија жалење поради трагедијата и кажаа дека ќе соработуваат со обвинителите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ