петок, 26 декември 2025

Истурил хлор и нападнал со нож работници во фабрика во Јапонија, 15 повредени

Петнаесет лица утринава беа повредени во напад со нож и хлор во една фабрика во Јапонија, јавуваат медиумите.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Јапонската новинска агенција Кјодо пренесе дека напаѓач со гас-маска истурил хлор и со нож нападнал работници во фабрика за автомобилски гуми на компанијата „Јокохама“ во градот Мишима, на централниот остров Хоншу.

Напаѓачот, 38-годишен маж, бил уапсен на местото на нападот, а неговиот мотив засега не е објавен.

Тешките злосторства се релативно ретки во Јапонија, земја со ниска стапка на убиства и едни од најстрогите закони за оружје во светот. Сепак, повремено има напади со нож, а во ретки случаи и со огнено оружје — како атентатот врз поранешниот премиер Шинзо Абе во 2022 година.

Еден јапонски државјанин во октомври беше осуден на смрт за напад со огнено оружје и нож во 2023 година, во кој уби четири лица, меѓу кои и двајца полицајци.

Исто така, 43-годишен маж е обвинет за обид за убиство во мај, по напад со нож на метро-станицата Тода-мае во Токио.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ