вторник, 16 декември 2025

Истрага во Австралија: Европските доселеници извршиле геноцид над Абориџините

Европските доселеници извршиле геноцид врз австралиските Абориџини, според наодите на истражна комисија во југозападната држава Викторија, во која се повикува владата да спроведе мерки за репарација, пренесува Франс прес.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Комисијата, која ја почна својата истрага пред четири години, во својот извештај истакнува дека Абориџините биле жртви на масакри, дека децата биле киднапирани од нивните семејства и дека нивната култура била нападната со цел да се асимилираат. „Ова е геноцид“, се заклучува извештајот.

Меѓу своите препораки, комисијата бара финансиска компензација на Абориџините за штетата што ја претрпеле, како и враќање на земјата на нивните предци.

Премиерката на државата, Јасинта Алан, ѝ се заблагодари на комисијата, уверувајќи ја дека нејзината влада „внимателно ќе ги разгледа“ нејзините препораки. Овие наоди „ги истакнуваат тешко подносливите вистини и ги поставуваат темелите за подобра иднина за сите жители на државата Викторија“, порача таа во соопштението.

Кога европските доселеници дошле во Австралија во 1788 година, бројот на Абориџини бил околу еден милион. Денес, тие сочинуваат само 3,8 проценти од 26-те милиони Австралијци. Австралија долго време се бори да го намали јазот меѓу домородното население и остатокот од населението кога станува збор за здравјето и благосостојбата.

Очекуваниот животен век на тие малцинства е околу осум години пократок од националниот просек, а процентот на затвореници меѓу нив продолжува да расте. „Сегашните економски нееднаквости и пречките за просперитетот на првите народи се директно наследство од колонијалните практики и сегрегацијата санкционирана од државата“, истакнува комисијата во својот извештај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ