вторник, 30 декември 2025

Историски грабеж на банка во Германија, ги обиле трезорите и украле повеќе од 30 милиони евра (ФОТО)

Крадците кои провалиле во трезор на филијала на Шпаркасе во Гелзенкирхен за време на викендот украле пари и вредни предмети во вредност од 30 милиони евра, што го прави најголемиот грабеж од ваков вид во поновата германска историја, според полицијата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Крадците ограбија над 3.200 сефови на клиенти во трезорот на локалната Шпаркасе, од кои украдоа пари, накит и златни прачки во вредност од околу 30 милиони евра“, соопшти полицијата во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Крадците провалиле во трезорот на банката, најверојатно во недела навечер, пробивајќи го ѕидот користејќи специјални дупчалки од соседниот паркинг. Сведоците виделе тројца маскирани мажи кои избегале со ауди Р6, со претходно украдени регистарски таблички во Хановер.

 

Кога беше објавена веста за грабежот на филијалата на Шпаркасе, околу двесте корисници на сефови се собрале пред филијалата на банката и побарале информации од банката за грабежот. Дошло до немири и обид за насилно влегување во просториите на банката, поради што полицијата морала да интервенира.

Германските медиуми ги пренесуваат изјавите на некои клиенти на банката кои се жалат дека во грабежот го изгубиле целиот свој имот. Во меѓувреме, полицијата тврди дека следи „конкретна трага“ која би можела да доведе до сторителите.

На западот на Германија, во близина на границата со Белгија и Холандија, грабежите се чести, а сторителите често доаѓаат од другата страна на границата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ