петок, 26 декември 2025

„Источниот фронт тукушто падна“: украински генерал тврди дека уште еден град паднал во рацете на руските сили (ВИДЕО)

Украинскиот источен фронт во Доњецк тукушто се урна, кажа украинскиот генерал Дмитро Марченко.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Руските трупи влегле во градот Селидово западно од градот Доњецк и наскоро целосно ќе го заземат, кажа тој.

Денес попладне руското министерство за одбрана објави дека градот паднал во рацете на руските сили.

„Сите знаеме дека не откривам никакви воени тајни кога велам дека нашиот фронт се урна“, кажа Марченко во видео интервјуто.

Марченко ситуацијата ја припиша на недостигот на оружје и муниција како и на недостигот од војници.

„Војниците се уморни. Не можат да ја покријат целата линија на фронтот на која се стационирани“, кажа Генерало, кој се прослави со успешната одбрана на Николаев и Херсон во јужна Украина на почетокот на војната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ