понеделник, 15 декември 2025

Исланд сака да склучи договор за одбрана со ЕУ до крајот на годинава

Исланд ќе почне преговори за безбедносно и одбранбено партнерство со Европската Унија, изјави вчера исландската премиерка Криструн Фростадотир.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Фростадотир го објави ова на заедничка прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, во Кефлавик. Исландската премиерка нагласи дека се надева дека ќе ги заврши преговорите до крајот на годинава.

„Нам ни е многу важно да покажеме дека можеме да соработуваме кога станува збор за критичната инфраструктура, цивилната заштита, сите видови инвестиции во одбраната (во технологии) со двојна употреба, а тоа вклучува и хибридни и сајбер закани“, рече таа.

„Ви благодарам, Криструн Фростадотир, за оваа незаборавна посета на Исланд. Како земја со уникатна геостратегиска положба, Исланд има пристап за пример кон безбедноста и планирањето на иднината. Вака изгледа подготвеноста во акција“, напиша Фон дер Лаен на Икс.

„Европа може многу да научи од Исланд“, додаде таа.

Исланд е дел од Шенген-зоната како една од четирите земји што не се членки на ЕУ, а е и една од земјите основачи на НАТО во 1949 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ