вторник, 20 јануари 2026

ИСИС ја презеде одговорноста, во Авганистан загинаа седум лица: „Нападот е поради лошиот третман на Ујгурите од страна на Пекинг“

Терористичката организација Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во еден ресторан во Авганистан, при што загинаа седум лица.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Исламска држава преку својата новинска агенција „Амак“ соопшти дека бомбаш-самоубиец влегол во ресторанот и ја активирал експлозивната направа, додавајќи дека 25 лица, меѓу кои и талибански обезбедувачи, биле убиени или ранети.

Авганистанските власти официјално не ја потврдија причината за експлозијата, а Министерството за внатрешни работи соопшти дека е во тек истрага.

Во нападот загинал и еден државјанин на Кина, а Исламска држава во соопштението ѝ се закани на Кина и наведе дека нападот бил изведен поради тоа што Пекинг лошо ги третира Ујгурите, национално малцинство во Кина чии припадници се од исламска вероисповед.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ