четврток, 12 март 2026

Иранскиот претседател: Нема крај на војната без исплаќање воена отштета

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан порача дека исплата на воена отштета мора да биде дел од секој договор за завршување на војната со Соединетите Американски Држави и Израел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

И покрај тоа што американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека војната за Соединетите Американски Држави се покажала полесна од очекуваното, раководството на Иран не покажува знаци на попуштање.

„Во разговорот со лидерите на Русија и Пакистан ја потврдив посветеноста на Иран на мир во регионот. Единствениот начин да се заврши оваа војна – која ја започнаа ционистичкиот режим и САД – е да се признаат легитимните права на Иран, исплата на воена отштета и цврсти меѓународни гаранции против идна агресија“, пораќа Пезешкијан на социјалната мрежа Икс.

Трамп претходно практично ја отфрли можноста за мировен договор, порачувајќи дека нема да има никаков договор со Иран освен „безусловно предавање“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ