четврток, 10 јули 2025

Иранскиот претседател ја повика нацијата да се обедини против Израел

Иран нема намера да развива нуклеарно оружје, но нема да се откаже од своето право на нуклеарна енергија и истражување, изјави иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, повторувајќи го верскиот указ на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи против оружје за масовно уништување.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ние не бараме нуклеарно оружје“, изјави иранскиот претседател во парламентот, но додаде дека земјата ќе продолжи со збогатување ураниум.

„Имаме право на нуклеарна енергија и истражување и нема да дозволиме никој тоа да ни го одземе“, рече Пезешкијан, според официјалната иранска новинска агенција ИРНА.

Пезешкијан исто така ги повика Иранците да ги остават настрана своите несогласувања и да се обединат на четвртиот ден од израелските напади што предизвикаа одмазда од Техеран против Израел.

„Секој проблем и секоја разлика што постоеше денес мора да се остави настрана и да се обединиме заедно против оваа криминална и геноцидна агресија“, истакна Пезешкијан во своето обраќање.

Израел во петокот објави дека ги извршил своите први напади врз Иран, велејќи дека нема друг избор откако собрал разузнавачки информации дека Техеран се приближува до „точка од која нема враќање“ во својата потрага по нуклеарно оружје.

Израел нападна ирански нуклеарни цели додека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се подготвуваше за шестиот круг преговори за ескалацијата на иранската програма за збогатување ураниум, кои на крајот беа откажани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ