сабота, 7 март 2026

Иранскиот претседател им се извини на земјите од Заливот, вели дека ќе ги запре нападите освен ако Иран не биде напаѓан

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, утрово во вонредно обраќање им се извини на арапските земји од Персискиот Залив, изјавувајќи дека Техеран ќе престане да ги напаѓа соседните држави освен ако нападите врз Иран потекнуваат од тие земји.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Лично им се извинувам на соседните земји што беа нападнати од Иран“, рече тој во обраќање емитувано на државната телевизија. „Немаме намера да ги напаѓаме соседните земји. Како што повеќепати имам кажано, тие се наши браќа.“

Тој додаде дека тричлениот совет на раководството што привремено владее со Иран им „соопштил на вооружените сили дека отсега не треба да има напади врз соседните земји ниту ракетни удари, освен ако тие не сакаат да нè нападнат од тие земји.“

„Мислам дека ова треба да го решиме со дипломатија, наместо со борби и создавање проблеми со соседните земји“, додаде тој.

Тој ги повика земјите од Заливот да не станат „играчка во рацете на империјализмот“, предупредувајќи ги да не ја напаѓаат иранската територија.

Не е јасно дали објавата на претседателот стапува во сила веднаш, вели Си-ен-ен. По обраќањето, пресретнувањата продолжија над Обединетите Арапски Емирати, а сирени се огласија во Бахреин.

Ова следува по една недела речиси постојано иранско бомбардирање на неговите соседи од Персиски Залив, што го затвори воздушниот простор во регионот и предизвика бран патници што се обидуваат да го напуштат Блискиот Исток.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ