вторник, 16 декември 2025

Иранскиот претседател ги повика муслиманските земји да ги прекинат врските со Израел

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес ги повика муслиманските земји да ги прекинат врските со Израел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пезешкијан го изјави ова пред самитот планиран во Доха како одговор на израелскиот напад од минатата недела врз претставници на палестинското движење Хамас во главниот град на Катар.

„Можно е муслиманските земји да ги прекинат врските со овој фиктивен (израелски) режим и да го зачуваат своето единство и кохезија колку што е можно повеќе“, кажа Пезешкијан пред да замине за Катар.

Претседателот на Иран изрази надеж дека на самитот ќе биде донесена одлука за мерките што треба да се преземат против Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ