недела, 21 декември 2025

Иранскиот извоз на нафта на највисоко ниво од 2018 година

Иранскиот извоз на нафта се зголемил во септември на приближно два милиони барели дневно, достигнувајќи го највисокото ниво од 2018 година, објавија иранските медиуми, повикувајќи се на меѓународната фирма за следење на танкери Танкер тракерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Извозот со тоа во септември достигна највисоко ниво во седум години и покрај повторното активирање на санкциите на Обединетите нации на крајот од месецот, пишува весникот Техеран тајмс цитирајќи пост на Танкер тракерс на социјалната мрежа Икс.

Вашингтон и владите на европските земји очекуваа дека обновените санкции ќе го нарушат снабдувањето со иранска нафта на купувачите како Кина, но податоците на Танкер тракерс ја потврдуваат проценката на иранските претставници дека нивното влијание ќе биде маргинално, забележува иранскиот весник.

Министерот за нафта Мохсен Пакнеџад минатата недела изјави дека меѓународните санкции нема да го ограничат извозот на нафта на Иран, истакнувајќи дека Иран веќе претрпел построги ограничувања од Вашингтон во последните години.

ОН повторно активираше пакет од шест санкции поради нуклеарната програма на Иран, кои беа укинати според договорот од 2015 година, насочени кон поединци, опрема поврзана со нуклеарната програма и трговијата со оружје.

На почетокот на октомври министерот Пакнеџад изјави дека производството на нафта во Иран се зголемило за повеќе од 120 илјади барели дневно, додавајќи дека сè уште има простор за подобрување, како во сегментот на нафта, така и во сегментот на гас, доколку се применат модерни техники на екстракција.

Така, производството на гас на новото поле во Пазан би можело да надмине 20 милиони кубни метри дневно, и би се ублажил недостигот во текот на зимата, истакна Пакнеџад, според извештајот на Техеран тајмс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ