среда, 23 јули 2025

Ирански медиуми: Претседателот Пезешкијан е ранет во израелски воздушен напад

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан беше ранет во ногата за време на израелски воздушен напад минатиот месец, објавија денеска иранските државни медиуми.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Пезешкијан беше ранет за време на состанокот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, кога израелските воздухопловни сили ги нападнаа долните катови од зградата во западен Техеран на 16 јуни, пренесува Тајмс оф Израел.

На средбата со Пезешкијан присуствуваа претседателот на иранскиот парламент Мохамед Багер Галибаф, шефот на иранското судство Голам-Хосеин Мохсени-Еџеи и други високи функционери.

Шест израелски бомби или ракети ги погодиле влезовите на зградата, очигледно во обид да ги спречат оние што се внатре да излезат и да го спречат протокот на воздух, пренесуваат иранските медиуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ