недела, 8 март 2026

Ирански медиуми: Постигнат консензус за нов ајатолах

Иранските државни медиуми објавија дека е постигнат мнозински договор за избор на нов врховен водач на земјата. Ајатолахот Али Хамнеи беше убиен во американско-израелските напади првиот ден од војната, минатата сабота.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Непосредно по неговата смрт беше формирано тричлено привремено раководство што управува со државата. Во него се реформскиот претседател на Иран Масуд Пезешкијан, тврдокорниот шеф на правосудството Голамхосеин Мохсени Еџеи и Алиреза Арафи, водач на Басиж, доброволна паравоена организација.

Врховниот водач го избира таканаречениот Совет на експерти, тело составено од 88 исламски учени избрани поради нивната лојалност кон режимот.

Еден од членовите на советот, ајатолахот Мохамадмехди Мирбагери, изјави дека мнозински консензус „горе-долу е постигнат“, пренесуваат иранските државни медиуми.

Тој, сепак, додаде дека треба да се решат „некои пречки“ поврзани со процедурата. Иранските медиуми наведуваат дека во телото задолжено за избор на врховниот водач имало мало несогласување околу тоа дали конечната одлука мора да биде донесена на состанок во живо или може да биде објавена без тој формален чекор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ