понеделник, 14 јули 2025

Ирански медиуми: Ајатолахот Хамнеи се крие во бункер во северен Техеран

Неколку часа откако Израел ги започна нападите врз Техеран во раните утрински часови во петокот, врховниот лидер на Иран Али Хамнеи беше преместен во подземен бункер во Лавизан, североисточен Техеран, изјавија два добро информирани извори од Иран за Иран Интернешнл.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сите членови на семејството на Хамнеи, вклучувајќи го и неговиот син Моџтаб, се со него, велат изворите.

Според истите извори, за време на претходните операции против Израел, Вистинско ветување 1 и Вистинско ветување 2, семејството на Врховниот лидер исто така беше сместено во бункер.

Во тоа време, Моџтаба беше со него, но двајца од неговите синови, Масуд и Мостафа, не беа.

Првиот директен напад на Иран врз Израел, Операција Вистинско ветување 1, се одвиваше на 13 април 2024 година и вклучуваше повеќе од 300 ракети и беспилотни летала насочени кон воени објекти. Нападот беше одмазда за атентатот на двајца ирански генерали во Дамаск.

Операцијата Вистинско ветување 2 следеше на 1 октомври 2024 година, со приближно 200 ракети насочени кон израелски воени објекти како одговор на атентатите врз лидерите на милитантните групи блиски до Иран, вклучувајќи го и поранешниот шеф на Хезболах, Хасан Насралах.

Вчера, Израел за прв пат го нападна иранскиот град Машхад, оддалечен 2.300 километри од еврејската држава.

Дипломатски извор од Блискиот Исток изјави за Иран Интернешнл дека израелскиот воздушен напад врз Машхад бил предупредување до врховниот лидер на Иран дека никаде во земјата не е безбеден.

Истиот дипломатски извор додаде дека Израел можел да го елиминира Хамнеи уште првата ноќ од операцијата, но израелската влада одлучила да го остави жив за да му даде последна шанса да одлучи за целосно демонтирање на иранската програма за збогатување ураниум.

Трамп му дал рок од два месеци на Хамнеи да се согласи да ја демонтира иранската програма за збогатување ураниум. Сепак, врховниот лидер го игнорирал и неговото и предупредувањето на Израел.

Со почетокот на израелските воздушни напади, таа можност повторно е понудена – овој пат за реално да се проценат воените капацитети на Израел и да се издаде наредба за демонтирање на програмата за збогатување, велат изворите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ