понеделник, 2 март 2026

Ирански амбасадор: Ако треба, ќе ги нападнеме и американските бази во Европа

Иранскиот амбасадор во Шпанија, Реза Забиб, предупреди дека неговата земја „ќе ја нападне која било американска база во Европа ако биде потребно“. Порача дека Иран е „земја способна да реагира“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Шпанскиот министер за внатрешни работи нареди засилен надзор и безбедносни мерки низ целата земја поради можни закани.

Шпанија одби да им даде дозвола на САД да ги користи заедничките воени бази на нејзина територија за напади врз Иран, по што Американците повлекоа повеќе авиони КЦ-135 од базите во Кадиз и Севиља.

Американските разурнувачи УСС Булкли и УСС Рузвелт, кои минатата недела го напуштија Кадиз, учествуваа во нападите врз Иран, потврдија Соединетите Американски Држави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ