вторник, 31 март 2026

Иранската револуционерна гарда најави дека од утре ќе гаѓа американски компании

Иранската Револуционерна гарда (ИРГЦ) објави рок по кој планира да почне напади врз американски компании на Блискиот Исток. Според иранските државни медиуми, рокот е утре во 20:00 часот по локално време во Техеран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ги игнориравте нашите повторени предупредувања за потребата од запирање на терористичките операции, а денес, како резултат на терористичките напади извршени од вас и вашите израелски сојузници, убиени се голем број ирански граѓани.

Бидејќи тие се клучни елементи во планирањето и следењето на целите за ликвидација на американските компании за информациска и комуникациска технологија и вештачка интелигенција, како одговор на овие терористички операции, од сега па натаму, главните институции кои ефикасно учествуваат во терористичките операции ќе се сметаат за легитимни цели“, соопшти иранската Револуционерна гарда.

Државните медиуми објавија и список на американски компании кои наводно би можеле да бидат цел на Револуционерната гарда, вклучувајќи голем број познати компании.

Меѓу 18-те компании што ИРГЦ ги именуваше во својата закана се Мајкрософт, Гугл, Епл, Интел, ИБМ, Тесла и Боинг.

ИРГЦ ги повика вработените во тие компании „веднаш да ги напуштат своите работни места“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ