понеделник, 2 март 2026

Иранската Револуционерна гарда им се закани на Американците: „Никаде не сте безбедни“

Иранската Револуционерна гарда денес ги предупреди Соединетите Американски Држави дека повеќе „не се безбедни никаде во светот“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Непријателот мора да знае дека неговите денови на слава се завршени и дека тој повеќе не е безбеден никаде во светот“, дури ни на сопствена територија, објавија силите Кудс, елитната единица на Револуционерната гарда.

Како што пренесе иранската државна телевизија, Револуционерната гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер Али Хамнеи и други високи функционери „не го разниша (Иран); само го направи посилен“.

Многу добро вооружената и организирана гарда, која постои паралелно со редовната иранска армија, вети дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.

Во нападите врз Иран, меѓу другите, беше убиен и генералот Махамад Пакпур, врховниот командант на Револуционерната гарда, кој ја презеде својата функција во јуни минатата година, откако неговиот претходник исто така беше убиен во израелско-американските напади.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ