понеделник, 2 март 2026

Иранска ракета пролетала покрај израелски авион, Израелците објавија снимка (ВИДЕО)

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија снимка на која се гледа како пилотот на борбен авион на израелското воено воздухопловство избегнува иранска противвоздушна ракета за време на операции над Иран.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

„Уште едно лансирање, оди над облаците“, се слуша како пилотот зборува преку радио во објавената снимка.

Според ИДФ, авионот учествувал во нападите врз Техеран.

ИДФ наведува дека борбените авиони на израелското воено воздухопловство од почетокот на конфликтот во саботата извеле повеќе од 1.000 борбени летови над Иран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ