Тој кажа дека состанокот е свикан на барање на трите европски држави, Франција, Германија и Британија. „Ќе се сретнеме со европската делегација утре во Женева“, кажа Арагчи во соопштение кое го пренесе иранската агенција Ирна.
Состанокот го најави германски дипломатски извор.
Отј вчера кажа дека европските министри прво ќе се сретнат со шефицата на дипломатијата на ЕУ Каја Калас во постојаното германско претставништво во Женева, по што ќе одржат заеднички состанок со иранскиот колега.
Целта на состанокот, кој се одржува во координација со Соединетите Американски Држави, е да се убеди иранската страна да даде цврсти гаранции дека својата нуклеарна програма ќе ја користи исклучиво за цивилна намена, додаде изворот.