Во видео порака објавена денес, портпаролот на Генералната команда Хатам ал-Анбија, Ебрахим Золфакари, рече дека Вашингтон ќе мора да ја плати цената за своите постапки, објави Ројтерс.
„Сериозни последици и одлучувачки воени операции ја чекаат Америка“, рече тој.
На крајот од видеото, Золфакари му се обрати директно на американскиот претседател на англиски јазик:
„Трамп, коцкару – можеби вие ја започна оваа војна, но ние ќе бидеме тие што ќе ја завршат“, рече тој.
Iranian army spokesperson Ebrahim Zolfaqari issued a stern warning following US strikes, stating that Iran now considers a wider set of targets as legitimate responses.
In a direct English address to US President Donald Trump, he said, “Gambler Trump, you can start this war, but… pic.twitter.com/0UQgNWH9Fe
— The CSR Journal (@thecsrjournal) June 23, 2025
Во текот на ноќта, командантот на иранските вооружени сили им се закани на Соединетите Американски Држави со одлучувачки одговор, објавија локалните медиуми.
„Секогаш кога Американците извршиле злосторства, тие добиле решителен и цврст одговор – и така ќе биде и овој пат“, рече генералот Хатами, според извештајот на државната новинска агенција Фарс.
„Активностите што ги презедовте во последните денови имаат голема вредност. Тие го спречија израелскиот непријател да успее во своите операции. Денес, тие беа принудени да се повикаат на директниот сторител на овие злосторства – САД – и да ги вовлечат во директен конфликт со Исламска Република Иран“, им рече тој на собраните воени лидери.
„Ќе ја браниме независноста на оваа земја со сите наши сили. Сметаме дека мачеништвото е голема чест, но денес се бориме за победа и до победа“, додаде тој.
За време на говорот до генералот Хатами седеа заменик-командантот на операции и заменикот за координација на иранската војска. Командантот на силите за воздушна одбрана, како и командантите на морнарицата и воздухопловните сили, и наводно висок офицер на копнените сили, исто така се гледаат на видеото.
И советниците на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хаменеи, порачаа: играта не е завршена.
Али Шамхани изјави дека Иран сè уште поседува залихи на збогатен ураниум и покрај нападите на САД врз клучни нуклеарни локации.
„Дури и ако нуклеарните објекти бидат уништени, играта не е завршена, збогатениот материјал, домашното знаење и политичката волја ќе останат“, напиша Али Шамхани во објава на платформата Икс.
Тој додаде дека политичката и оперативната иницијатива сега ѝ припаѓаат на страната што игра паметно, избегнува слепо напаѓање. „Изненадувањата ќе продолжат!“, рече тој.
Али Акбар Велајати, друг висок советник на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, рече дека базите што ги користат американските сили за да извршат напади врз нуклеарните објекти на Иран ќе се сметаат за легитимни цели.
„Секоја земја во регионот или на друго место што ја користат американските сили за да го нападнат Иран ќе се смета за легитимна цел за нашите вооружени сили“, рече Велајати во пораката што ја пренесе официјалната иранска новинска агенција ИРНА.
Велајати, исто така, додаде дека повеќе нема место за САД на Блискиот Исток.
„Веќе нема место за Америка и нејзините бази во овој регион и во исламскиот свет“, рече Велајати.
„Америка го нападна срцето на исламскиот свет и мора да биде подготвена на одговор, бидејќи Исламската Република не толерира никакви навреди или агресија кон себе“, додаде тој.