среда, 14 јануари 2026

Иран жестоко ѝ се закани на Америка

Иран има „многу изненадувања“ за секој непријател што ќе го нападне, порача министерот за одбрана Азиз Насирзаде.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бригадниот генерал ги даде коментарите откако американскиот претседател Доналд Трамп ја засили својата реторика и се закани со воена интервенција во Иран по месеците масовни немири.

„Ако тие закани се претворат во акции, ќе ја браниме земјата со сета наша сила и до последната капка крв, а нашата одбрана ќе биде болна за нив“, кажа Насирзаде на безбедносниот состанок, пренесуваат иранските медиуми.

Тој ги предупреди земјите кои даваат помош во секој напад врз Иран дека „тие ќе бидат легитимни цели“.

„Штетата предизвикана од 12-дневната војна на Израел против Иран во јуни е поправена, а капацитетот за воено производство е зголемен“, кажа Насирзаде.

Претходно денес иранскиот режим изјави дека, во случај на американска интервенција, ќе ги нападнат нивните воени бази.

Ирански функционер изјави за Ројтерс: „Техеран им кажа на земјите од регионот, од Саудиска Арабија и Обединетите Американски Емирати до Турција, дека американските бази во тие земји ќе бидат нападнати ако САД го нападнат Иран… и побара од тие земји да го спречат Вашингтон да го нападне Иран“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ