четврток, 5 февруари 2026

Иран заплени два нафтени танкери

Иран денес заплени два странски нафтени танкери во Персискиот Залив, објави државната телевизија, тврдејќи дека бродовите шверцувале гориво.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во извештајот не е наведено чии се танкерите и под чие знаме пловеле.

Регионалниот командант на морнарицата на Револуционерната гарда на Иран Хејдар Хонаријан Моџарад изјави дека танкерите превезувале околу 1 милион литри гориво (околу 6.300 барели), вклучувајќи дизел, и биле запленети во близина на островот Фарси и однесени во Бушер.

Тој изјави дека петнаесет членови на екипажите на двата танкери се во притвор, без да ги наведе нивните националности.

Иран повремено запленува танкери за нафта во регионот врз основа на слични обвиненија.

Во декември заплени странски танкер додека минувал низ стратегиски важниот Ормуски теснец и приведе 16 членови на екипажот.

Иран заплени еден брод и еден месец претходно, во истата зона.

Западот го обвини Иран за серија напади со мини во кои беа оштетени танкери во 2019 година, како и за напад со беспилотни летала во 2021 година врз танкер поврзан со Израел, во кој загинаа двајца европски членови на екипажот.

Тие напади почнаа откако американскиот претседател Доналд Трамп, за време на неговиот прв мандат, еднострано се повлече од нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили постигнат во 2015 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ