недела, 5 април 2026

Иран за нападот на главниот универзитет во Техеран: Напаѓачите се полоши од луѓето во камената доба

Иранскиот министер за наука Хосеин Симаеи Сараф го осуди вчерашниот напад врз универзитетот во Техеран, нарекувајќи го „однесување од камена доба“. Центарот за ласерски истражувања е сериозно оштетен во воздушниот напад, а Сараф остро ги критикуваше напаѓачите за време на обиколката на погодената локација.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Непријател без корени во историјата, културата и цивилизацијата се однесува полошо од луѓето од камената доба“, порача тој. Засега не е јасно кој го извршил нападот, односно дали станува збор за американски или израелски сили, ниту зошто истражувачкиот центар бил мета.

Израел претходно повеќе пати ги напаѓаше иранските научници и истражувачки капацитети поврзани со нуклеарната програма.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ