среда, 18 март 2026

Иран во ОН: Не сакаме нуклеарно оружје

Иран нема намера да развива нуклеарно оружје, порача денес иранскиот претседател Масуд Пезешкијан на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации, неколку дена пред евентуалното враќање на меѓународните санкции против Техеран поради неговата нуклеарна програма.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тука, пред ова собрание, повторно велам дека Иран никогаш не се стремел и никогаш нема да се стреми да произведе нуклеарна бомба. Ние не сакаме нуклеарно оружје“, кажа Пезешкијан.

Британија, Франција и Германија (таканаречената група Е3) на 28 август започнаа 30-дневен процес за повторно воведување на санкциите на ОН врз Иран, кои истекуваат на 27 септември, обвинувајќи го Техеран за кршење на нуклеарниот договор со светските сили од 2015 година, чија цел беше да го спречи да развива нуклеарно оружје.

Европските сили понудија да го одложат повторното воведување на санкциите на шест месеци за да се овозможи простор за преговори за долгорочен договор, доколку Иран им дозволи на инспекторите на ОН пристап до неговите нуклеарни објекти, да ја објасни ситуацијата на неговите залихи на збогатен ураниум и да преговара со Соединетите Американски Држави.

Пезешкијан ја обвини таканаречената група Е3 дека го иницирала процесот на враќање на меѓународните санкции врз Иран „по налог на Соединетите Американски Држави“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ