понеделник, 6 април 2026

Иран: Утрово убиен шефот на разузнавачите на Револуционерната гарда

Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека нејзиниот шеф на разузнавачката служба Маџид Хадеми е убиен во напад за кој ги обвинува САД и Израел, јавува Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението, кое го пренесоа иранските медиуми, се наведува дека Хадеми е убиен утрово в зори, без дополнителни детали за околностите на нападот.

Израелската војска порача дека ќе ги „провери“ наводите, додека американските власти засега не го коментирале случајот.

Хадеми на чело на разузнавачката служба на ИРГЦ го наследи Мохамад Каземи, кој исто така беше убиен во израелски напад во јуни 2025 година, за време на краткотрајната војна меѓу Иран и Израел. Беше познат по остри обвинувања на сметка на САД и Израел.

По антивладините протести во Иран во почетокот на годината, Хадеми го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека поттикнува насилство за да оправда надворешна воена интервенција.

Тогаш тврдеше дека во протестите биле вклучени странски разузнавачки служби, вклучувајќи ја и израелската единица 8200. Според податоците на организацијата Хјуман рајтс активистс њуз ејџенси, во задушувањето на тие протести загинале најмалку 7.000 луѓе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ