недела, 1 март 2026

Иран тврди дека го нападнале американскиот носач на авиони Абрахам Линколн

Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) тврди дека го нападнала и погодила американскиот носач на авиони УСС Абрахам Линколн со четири балистички ракети, објавија иранските државни медиуми. Тоа е петтиот носач на авиони од класата „Нимиц“ во американската морнарица.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Носачот Абрахам Линколн ги носи најновите американски борбени стелт авиони Ф-35, способни да ги избегнат непријателските радари. Неговата ударна група се состои од три разурнувачи опремени со крстосувачки ракети „томахавк“ за напади врз копнени цели, а обично е придружена од подморница на нуклеарен погон со истото вооружување.

Според сателитските снимки потврдени од Би-би-си верифај, носачот последен пат бил забележан на 15 февруари покрај брегот на Оман.

Соединетите Американски Држави сè уште не одговориле на иранското тврдење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ