Советот на чуварите на исламската револуција, можно тело кое го надгледува законодавството во Иран, во соопштението кое го пренесе државната телевизија наведува:
„Злосторничката американска влада и нејзиниот глупав претседател мора да знаат дека, ако направат грешка преземат каков било потег против Исламска Република Иран, ќе добијат остар одговор од Исламска Република Иран“.
На новинарско прашање за можен американски напад на Иран, претседателот на САД Доналд Трамп кажа: „Можам тоа да го направам. Можам и да не го направам. Мислам, никој не знае што ќе направам“.