Заканата доаѓа кратко откако американската Централна команда (Центком) ги повика цивилите во Иран „веднаш да се оддалечат“ од сите пристанишни објекти долж Ормускиот теснец каде што дејствуваат иранските поморски сили.
Портпарол на иранската војска порача дека Иран ќе возврати со напади врз пристаништата во регионот доколку бидат погодени иранските пристанишни објекти.
Американската централна команда (Центком) ги предупреди цивилите во Иран веднаш да се оддалечат од сите пристанишни објекти во Ормускиот теснец кои ги користи иранската морнарица.
Во соопштението за медиумите се наведува дека иранските власти користат цивилни пристаништа за воени операции што го загрозуваат меѓународниот поморски сообраќај. Центком предупредува дека таквите објекти го губат својот статус на заштитени цивилни цели според меѓународното право и можат да станат легитимни воени цели.
Американската војска ги повика пристанишните работници, административниот персонал и екипажите на трговските бродови да се оддалечат од иранските воени бродови и воена опрема, додавајќи дека не може да ја гарантира безбедноста на цивилите во близина на објектите кои Иран ги користи за воени цели.






