недела, 29 март 2026

Иран се закани со напади врз израелски и американски универзитети во регионот

Иранската Револуционерна гарда предупреди дека ќе ги смета израелските универзитети и разграноците на американските универзитети во регионот на Блискиот Исток за „легитимни цели“, јавија државните медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ако владата на САД сака нивните универзитети во регионот да бидат поштедени, треба да го осуди бомбардирањето на (иранските) универзитети до 12 часот в понеделник, 30 март“, се наведува во официјалното соопштение на Револуционерната гарда.

Таа повика на евакуација на американските и израелските образовни установи и порача дека студентите и персоналот треба да се држат на најмалку еден километар од тие објекти.

Ова е првпат Иран да се закани дека ќе спроведува напади врз израелски и американски универзитети.

Револуционерната гарда, исто така, побара од САД да го спречат Израел да ги напаѓа иранските универзитети и истражувачки центри, кои беа цел на напади во претходните денови. Израелската војска призна дека гаѓала ирански универзитети што, според неа, се поврзани со развој на оружје.

САД и Израел продолжуваат со нападите врз Иран, додека иранските одмазднички напади се насочени кон Израел и соседните држави во Персискиот Залив. Од почетокот на американско-израелската војна во Иран на 28 февруари загинале повеќе од 3.000 лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ