петок, 27 март 2026

Иран се согласи на безбедно минување на хуманитарните бродови низ Ормус

Техеран се согласи со барањето на Обединетите нации за безбедно поминување на хуманитарни бродови низ Ормускиот теснец, објавија денес иранските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Иран се согласи со барањето на ОН за безбедно поминување на бродови кои носат хуманитарна помош низ Ормускиот теснец“, објави Тајмс оф Техеран преку социјалната мрежа Икс, повикувајќи се на иранскиот амбасадор во Женева.

Тензиите во регионот ескалираа од 28 февруари, кога Соединетите Американски Држави и Израел го нападнаа Иран, при што убија повеќе од 1.340 луѓе, вклучувајќи го и тогашниот врховен лидер Али Хамнеи.

Техеран возврати со серија напади со беспилотни летала и ракети врз Израел, Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив во кои има американски воени објекти, предизвикувајќи жртви и материјална штета, додека глобалните пазари и воздушниот сообраќај беа погодени.

Иран го затвори Ормускиот теснец за повеќето бродови, клучна рута за превоз на нафта што нормално пренесува околу 20 милиони барели дневно и приближно 20 проценти од глобалната трговија со течен природен гас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ